Линкови за пристапност

Кој е ставот на претседателот Трамп за евентуално затворање на владата?


Претседателот на САД Доналд Трамп, кажа дека би поздравил уште едно затворање на владата, доколку конгресните законодавци не може да се договори за построга имиграциона политика.

Тој подвлече дека ако треба да се затвори заради тоа што демократите не се за безбедност на границите, тогаш треба да се случи тоа.

Повикот на Трамп за евентуален делумен прекин на работата на владата, уследи и покрај тоа што Претставничкиот дом вчера усвои краткорочна мерка за владино финансирање, а Сенатот работи на подолгорочен договор.

Неколкумина демократи ги критикуваа најновите коментари на Трамп.

„Никој не треба да навива за затворање на владата, особено не претседателот“, истакна сенаторот Марк Ворнер.

Демократот Стени Хојер кажа дека ваквиот повик е неодговорен. „Американскиот народ очекуваат од нас да си ја вршиме работата, а не да им се закануваме со затворање што би им наштетило ним, нивните семејства и на нашата економија“, додаде тој.

Претседателот Трамп на неколкупати досега ги издвоил криминалните дела извршени од имигрантите, додека ја истакнувал потребата за имиграциони реформи, кои, според него, треба да вклучат зајакнување на граничната безбедност, ставање крај на имиграцијата базирана на семејната поврзаност, укинување на програмата за таканаречената „Зелена карта“ во замена за систем за влез во САД базиран на заслуги.

Сегашниот краткорочен план за трошоци за сите владини агенции истекува во четврток, на полноќ.

Во средината на јануари имаше тридневно делумно затворање на владата, прво од 2013-та наваму.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG