Линкови за пристапност

Борбата за здравствената заштита се сели во Сенатот


Вчера, по укинувањето и замената на Обамакеар, Трамп вети победа

Претседателот на САД Доналд Трамп и републиканците од Претставничкиот дом, го прославија укинувањето и замената на Законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар, со победничка забава во Белата куќа.

Актуелната администрација сега се соочува со тешка задача за минување на мерката преку острите гласачки ограничувања на Сенатот.

Но, и покрај тоа, опкружен од републиканците во Белата куќа, Трамп вети победа.

100 дена работа на Трамп

Трамп ги одбележа првите сто дена од преземањето на функцијата, со бројни извршни наредби, но, без поголеми стратегии усвоени во Конгресот.

„Никогаш не сум видел поголема ангажираност од оваа“, изјави спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, за нивото на вклученост на Трамп и на потпретседателот Мајк Пенс во преговорите за здравствената заштита.

Повеќе републиканци велат дека способностите на Трамп за склучување договори, ќе овозможат законот да помине и во Сенатот.

Демократите во овој дом, пак, изразија загриженост за промените настанати во последен момент, потребни да се усвои законот.

„Републиканците се обидоа да протуркаат дури и полоша верзија на Трампкеар, без дебата или какви било други анализи, за тоа што тој закон би значел за државата“, рече Чак Шумер, лидер на малцинството во Сенатот.

И републиканскиот сенатор Линдзи Греам, на неговиот Твитер профил изрази загриженост за планот, велејќи дека „законот, финиализиран вчера, без амандмани и со три часа дебата, треба да биде разгледан со претпазливост“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG