Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека ќе стави вето на годишниот предлог закон за одобрување на средства за Министерството за одбрана, ако мерката вклучува услов за преименување на американските воени инсталации што се своевремено именувани според Конфедеративните држави на Америка.
Неговото последно отфрлање беше направено доцна во вторникот преку порака на Твитер, во која ги повтори честите критики против сенаторката Елизабет Ворен.
„Ќе ставам вето на предлог законот ако амандманот на Елизабет „Покахонтас“ Ворен (од сите луѓе!), што ќе доведе до преименување (плус други лоши работи!) на Форт Браг, Форт Роберт Е. Ли и многу други воени бази од кои победивме во две светски војни, е ставено во закон! “
Минатиот месец Комисијата за вооружени услуги во Сенатот со 25 наспрема 2 гласови даде двопартиско одобрување за измената на Ворен. Во него се повикува Пентагон да постапи во рок од три години за да идентификува и преименува која било база, улица, авион, оружје или друго „средство“ кое ја симболизира Конфедерацијата, група држави кои сакаа да го зачуваат ропството и да се отцепат од државата пред граѓанската војна во 1860-тите.
Секретарот за одбрана Марк Еспер, aрмискиот генерал Марк Мајли, началник на Генералштабот на здружените вооружени сили на САД и секретарот на армијата, Рајан Мекарти, сите сигнализираа дека се отворени за преименување на базите.
Прашањето се актуелизираше во текот на протестите на национално ниво по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Протестите во повеќе градови беа насочени кон споменици на Конфедерацијата и веќе доведоа до отстранување на дел од нив.
Популарната тркачка серија НАСКАР исто така забрани користење на знамето на Конфедерацијата на нејзините настани.
Facebook Forum