Линкови за пристапност

Трамп го нарече Коми протекувач на информации


По сведочењето на поранешниот директор на ФБИ, претседателот на САД се огласи на Твитер

За време на вчерашното сведочење на отпуштениот директор на ФБИ, Џејмс Коми, претседателот на САД Доналд Трамп, беше невообичаено тивок на Твитер, и покрај тоа што Коми на законодавците им кажа дека Трамп не бил цел на истрагата на ФБИ за Русија.

Претседателот на Твитер напиша: „И покрај толку многу неточни изјави и лаги, тотална потврда...Коми е протекувач на информации“.

Џејмс Коми вчера на Капитол хил кажа дека тој верува дека претседателот на САД се обидувал да го натера да се откаже од истрагата за поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин и дека Белата куќа ширела „обични и едноставни лаги“ за да ја прикрие причината за неговото разрешување.

„Нема сомневање дека сум отпуштен поради истрагата за Русија“, рече пред законодавците Коми, мислејќи на пошироката истрага за влијанието на Русија на претседателските избори во САД минатата година, за која американските разузнавачки агенции велат дека била обид од страна на Кремљ да му помогне на Трамп да ја порази демократката Хилари Клинтон.

Напорите на претседателот „да го промени начинот на кој беше спроведена истрагата за Русија, е голема работа“, рече Коми.

Сведочењето на Коми пред Комисијата за разузнавање на Сенатот беше неговата прва шанса да и' каже на јавноста за средбите и разговорите што ги имал со Трамп во периодот на неколку месеци пред да биде отпуштен.

Коми рече дека бил и се` уште е „длабоко убеден во заклучокот“ на разузнавачката заедница на САД дека Русија се мешала во кампањата 2016-та година.

Коми кажа дека тој ги документирал средбите и разговорите со Трамп, а неговото инсистирање на приватни средби, предизвикало сомневање кај него.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG