Линкови за пристапност

Укината расната квота при прием на студенти на универзитетите во САД


Главниот правобранител Џеф Сешнс изјави дека насоките од ерата на Обама, кои го земаа предвид расниот аспект, се застарени и непотребни

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги повлече регулативите, според кои, колеџите и универзитетите требаа да ја зголемат различноста, преку прием на студенти на расна основа.

Главниот правобранител Џеф Сешнс изјави дека насоките од ерата на претходниот претседател Барак Обама, кои нудеа легална препорака за школите да го земаат предвид расниот аспект при прием на студентите, се застарени и непотребни.

Поборниците за граѓанските слободи веднаш го осудија потегот на администрацијата на Трамп.

„Се испраќа порака дека федералната Влада не верува во расна разновидност, и се доведува во ризик надлежните во училиштата да го променат пристапот кој може многу да и` наштети на оваа држава“, велат тие.

Овој потег им дозволува на универзитетите да имаат неутрален став во однос на приемот на студенти.

Со неодамнешна одлука на Врховниот суд, расниот фактор беше меѓу останатите услови во приемниот процес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG