Гласачите на Северна Каролина и Флорида се во фокусот на претседателските кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон. Овие две сојузни држави може да бидат одлучувачки за нивната победа на изборите на 8-ми ноември.
Трамп ќе одржи четири митинзи во четврток на источниот брег, почнувајќи од Џексонвил во Флорида продолжувајќи во источна Пенсилванија пред да го заврши денот во Северна Каролина.
Клинтон во меѓувреме има закажано два митинзи во Северна Каролина, првиот во Гринвил, другиот во Рaјли.
Претседателот Барак Обама ќе ја придружува Хилари Клинтон во Флорида, прво во Мајами, а потоа во Џексонвил – на само 30 милји од настанот на Трамп.
Според последните анкети, во двете сојузни држави како што наближува денот на изборите се стеснува разликата помеѓу двајцата кандидати. Во моментов Трамп напредува. Според „Рил Клир Политикс“ од почетокот на минатата недела тој успеа да ја намали разликата од 4 проценти во Флорида, а три во Северна Каролина.
Северна Каролина и Флорида се т.н. неопределени држави бидејќи за разлика од многу други сојзуни држави, тие се непредвидвливи во однос на тоа која политичка партија ќе победи на претседателските избори. Двете држави се сметаат за особено значајни поради големиот број на гласови од изборниот колеџ – 15 во Северна Каролина и 29 во Флорида.