Линкови за пристапност

Трамп веќе не го поставува прашањето каде е роден Обама


Хилари Клинтон се врати на кампањата, напаѓајќи го Трамп за неговата „коспиративна теорија за државјанството на Обама“

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, или барем неговата кампања, призна дека верува оти претседателот Барак Обама всушност е роден во САД, по години прашања за неговото државјанство.

„Со успешното обезбедување на изводот на раѓање на претседателот Барак Обама, кога други не можеа, Трамп се уверил дека претседателот Обама е роден во САД“, изјави портпаролот на кампањата на Трамп, Џејсон Мил.

Демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон, на нејзиниот прв ден од кампањата, по пауза од неколку дена поради пневмонија, го нападна Трамп за неговата поддршка за таканареченото „коспиративно движење за државјанството на Обама“.

XS
SM
MD
LG