Линкови за пристапност

Клинтон го претстави економскиот план, Трамп ја нападна за Исламската држава


Републиканскиот претседателски кандидат ја обвини администрацијата на Обама за ширење на милитантната група

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Флорида изјави дека одлуката на претседателот Барак Обама да ги повлече војниците од Ирак, води до формирање и ширење на Исламската држава.

„Исламската држава е во 28 држави, а беше во осум до неодамна. И тие се обидуваат да ги прикријат информациите. Претпоставувам тоа беше администрацијата на Обама. Велам дека Барак Обама е основачот“, рече Трамп.

Во меѓувреме, Клинтон во Ворен, Мичиген го претстави нејзиниот економски план, во исто време критикувајќи ги економските предлози на Трамп.

„Врз основа на тоа што го слушнавме од кампањата на Трамп, тој сака Америка да работи за него и за неговите пријатели, по цена на сите останати. Тој не предложи веродостојни планови за работничките семејства, за студентските заеми, за фармерите кои се мачат во руралните средини“, рече Клинтон.

XS
SM
MD
LG