Претседателот Доналд Трамп за време на обраќање во Белата куќа, ја соопшти неговата одлука да ги повлече САД од Договорот за климатски промени, склучен во Париз во 2015-та година.
„Излегуваме“, стоеше во денешното соопштение на Белата куќа.
Претходно, Трамп кажа дека разгледал бројни предлози и мислења од обете страни на прашањето, пред да ја донесе одлуката.
Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер, изјави дека меѓу консултираните биле американски деловни лидери у странски шефови на држави.
Неколку новински агенции веќе уште вчера соопштија дека претседателот Трамп одлучил да ги повлече САД од Договорот, поддржан од 195 земји во светот. Ваквиот чекор би значел голем исчекор од ерата на поранешниот претседател Барак Обама, задоволувајќи ја неговата републиканска база, но според очекувањата, разлутувајќи ги поборниците за здрава животна средина и американските сојузници.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио, преку Твитер, кажа: „Ќе ги земеме работите во свои раце, планирам да потпишам извршна наредба, со која се задржува определбата на Њујорк за придржување кон Договорот“.
Основачот на Спејс икс, милијардерот Илон Маск, преку Твитер соопшти дека дава оставка од трите советодавни одбори за научни прашата во Белата куќа. Тој вчера најави дека ќе го стори тоа, доколку претседателот ги подвлече САД од Парискиот договор.
Трамп за време на денешното обраќање, истакна дека ќе се залага САД да останат лидер кога станува збор за прашањата поврзани со животната средина.
Facebook Forum