Претседателот Доналд Трамп во писмо до неговиот кинески колега Ши Џинпинг, истакнал дека со нетрпение чека да развие „конструктивен однос што ќе биде од корист и на САД и на Кина“, соопшти Белата куќа.
Трамп воедно изразил благодарност за писмото на Џингпинг во кое му ја честита победата на изборите, а на кинескиот народ и` ја честитал Лунарната Нова Година.
Според портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, Кина изразила почит за писмото на Трамп и е подготвена да работи со САД за промоција на соработката и продлабочување на меѓусебните врски.