Линкови за пристапност

Трамп: американско-кинескиот трговски договор можеби ќе остане за по изборите


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека новиот трговски договор со Кина, можеби ќе треба да почека додека не поминат претседателските избори во ноември 2020 година.

„Јас немам краен рок“, рече Трамп во Лондон, каде што присуствуваше на самитот на лидерите на НАТО. „На некој начин, ми се допаѓа идејата да чекам до по изборите за договорот со Кина. Но, тие сакаат да постигнат договор сега и ќе видиме дали договорот ќе биде во ред, или не; треба да биде исправно.“

Трговските забелешки на Трамп кон Кина дојдоа еден ден откако тој рече дека ќе воведе царини за Бразил и Аргентина за „масовна девалвација на нивните валути“.

Вашингтон, исто така, се закани со давачки до 100% за францускиот увоз, вклучително и за шампањот, во расправата околу данокот на дигитални услуги за што САД велат дека им штети на нивните технолошки компании.

Но, по средбата во Лондон, и Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон изразија оптимизам дека спорот меѓу двете земји може да се реши. Трамп рече дека станува збор за „мало“ несогласување, додека францускиот лидер рече дека смета оти конфликтот може да се реши.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG