Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе одлучи дали да воведе нови даноци за Кина по Самитот Г-20 во Јапонија овој месец.
Трамп најави нови даноци за други кинески производи вредни 300 милијарди долари.
„Ќе донесам одлука во наредните две недели, веројатно веднаш по Г-20 Самитот“, изјави тој за време на неговата денешна посета на Франција.
Претседателот рече дека ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг на Самитот, и додаде дека „ќе видиме што ќе се случи“.
Тој рече дека разговорите со Пекинг продолжуваат, иако од 10-ти мај немало средби.
Трамп прв воведе даноци на кинески производи минатата година, со цел да ја принуди Кина да направи економски реформи.
Facebook Forum