Линкови за пристапност

Tрамп телефонски разговарал со кинескиот претседател за пандемијата


Кина помина многу и разви силно разбирање за вирусот. Тесно соработуваме. Многу почит, напиша Трамп во порака на Твитер

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал „многу добар разговор“ со кинескиот претседател Кси Џингпинг.

„Само што завршив многу добар разговор со претседателот на Кина. Детално дискутиравме за коронавирусот кој пустоши на големи делови од нашата планета. Кина помина многу и разви силно разбирање за вирусот. Тесно соработуваме. Многу почит! “, напиша Трамп во порака на Твитер.

Сепак, во неговите неодамнешни брифинзи за медиумите, американскиот претседател не покажа „голема почит“ кон Кина, давајќи забелешки за тоа како азиската нација се справи со епидемијата. Тој честопати го нарекуваше „кинескиот вирус“.

Додека Кина порано беше епицентарот на пандемијата, сега тој статус го имаат САД.

Рано во петокот во САД се регистрирани вкупно 85.991 потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата досега. Во Кина се регистрирани 81.828 случаи, додека во Италија, епицентарот на вирусот во Европа, 80.589 случаи, покажуваат податоците на ресурсниот центар Џон Хопкинс.

Државата Њујорк е епицентар на вирусот во САД, при што најголем број заболени, над 21.000, има во Њујорк, најголемиот град во државата. Официјалните претставници велат дека тој број се зголемува за најмалку 3.000 случаи на ден.

Трамп планира да оди во Норфолк, Вирџинија, за да го посети американскиот морнарички болнички брод Комфорт кој ќе биде лоциран во пристаништето во Њујорк.


Во петок во Претставничкиот дом на САД треба да биде изгласан економскиот пакет од два трилиони американски долари кој во Сенатот помина во средата навечер, а претседателот Доналд Трамп посочи дека ќе го потпише.

Во суштината на пакетот се директните плаќања во готовина на лица кои ги изгубиле работните места и бизнисите кои мораа да престанат со работа поради пандемијата.

Иако САД сега имаат најголем број случаи, Трамп во четвртокот рече дека владата ќе може во наредните два дена да објави добра статистика и факти, „што ќе ви го олеснат животот“.

Тој, исто така, планира да оди во Норфолк, Вирџинија, за да го посети американскиот морнарички болнички брод Комфорт кој ќе биде лоциран во пристаништето во Њујорк.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG