Линкови за пристапност

Трамп бара и Кина да отвори истрага за Бајден


Демократите велат дека овие коментари се уште еден пример за користење на претседателството за остварување политичка корист

Претседателот на САД Доналд Трамп јавно бара странските влади да ги истражуваат неговите политички противници, зацврстувајќи ја својата позиција за постапката која веќе е предмет на истрага за импичмент.

На новинарските прашања утрово каква точно услуга побарал Трамп од украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на телефонскиот разговор на 25 јули, Трамп одговори:

„Јас би предложил тие да отворат истрага за Бајден“, и додаде: „Кина треба да отвори истрага за Бајден“.

Трамп обвини дека Хантер Бајден во 2013 година патувал со авионот на потпретседателот да обезбеди 1.5 милијарди долари од Кина за приватна инвестиција.

Демократите изјавија дека денешните коментари на Трамп се уште еден пример за користење на претседателството за остварување политичка корист.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG