Линкови за пристапност

Трамп во посета на Централната команда во Флорида


Американскиот претседател притоа изрази силна поддршка за НАТО, но потенцираше дека „единствено што САД бараат е сите земји-членки да имаат целосен и соодветен финансиски придонес“.

Претседателот Доналд Трамп во говор во Централната команда во Тампа, сојузната држава Флорида, вети дека нз армијата ќе и` ја даде сета поддршка.

„Ќе бидеме со вас 100 проценти. Ќе ги заштитиме оние кои не` штитат и никогаш нема да ве изневериме“, кажа тој.

Американскиот претседател притоа изрази силна поддршка за НАТО, но потенцираше дека „единствено што САД бараат е сите земји-членки да имаат целосен и соодветен финансиски придонес“.

Трамп воедно зборуваше против Исламската држава, којашто, како што кажа, води „кампања на геноцид“ ширум светот. Без особено да ги спомене извршните наредби што ги потпиша минатата недела во однос на имиграцијата, лидерот на САД истакна дека работел и ќе продолжи да работи во насока на држење на „радикалниот исламистички тероризам“ надвор од земјата.

XS
SM
MD
LG