Линкови за пристапност

Доналд Трамп на турнеја за изразување на благодарност


Претходно новоизбраниот претседател склучи договор за задржување на околу 1.000 работни места во Индијана.  Во моментов се преговара дали ќе има одредени отстапки за работниците.

Идниот претседател на САД ја започна, како што ја нарекува „турнејата за изразување благодарност“ со обраќање во Синсинати, Охајо, неколку часа откако во Индијана склучи договор со производителот на системите за ладење „Кериер“ за задржување на околу 1.000 работни места во компанијата, наместо да се преселат во Мексико. Во Индијана, Трамп беше придружуван од идниот потпретседател и сегашен гувернер на оваа сојузна држава Мајк Пенс.

Договорот е своевидна победа за Доналд Трамп којшто за време на претседателската кампања безброј пати кажа дека ќе спречи компаниите да ги селат работните места надвор од земјата и да се вратат оние кои претходно биле загубени.

XS
SM
MD
LG