Линкови за пристапност

Трамп бара решение од „Џенерал моторс“ за затворените 5.400 работни места


Претседателот очекува или да се продаде фабриката, во Охајо или да најде друго брзо решение

Претседателот на САД Доналд Трамп ја обвини компанијата „Џенерал моторс“ за затворање на 5.400 работни места со стопирање на погонот за производство на модели на коли, за кои наводно Американците не биле заинтересирани.

Трамп, на неговиот Твитер профил, напиша дека разговарал со извршната директорка на компанијата, на која и` кажал дека не е среќен со ваквата одлука, барајќи да ја продаде фабриката во Охајо или да најде друго брзо решение.

Тој денес на Твитер истакна дека „Џенерал моторс“, четврти најголем автомобилски производител во светот, заедно со Унијата на автомобилските работници, отвораат преговори за нов договор во септември и октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG