Линкови за пристапност

Трамп: Новиот трговски договор со Канада и Мексико е најголем во американската историја


Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека новиот трговски договор меѓу САД, Канада и Мексико е „најголем трговски договор“ во американската историја и дека тој ќе помогне во заштитата на американските работници.

Во последен миг, после интензивни преговори, САД и Канада доцна синоќа постигнаа согласност со која се овозможува новиот трилатерален пакт во кој влегува и Мексико, да го замени Договорот за слободна трговија – НАФТА кој е стар речиси четвртина век.

„Ова е одличен договор за сите нас“ кажа Трамп на прес конференција во Белата куќа.

Со новиот договор САД - Мексико - Канада се предвидува годишна трговска размена од 1.2 трилиони долари. Се очекува тој да биде потпишан од претседателот Трамп и неговите канадски и мексикански колеги и да стане официјален во период од 60 дена.

Трамп го поздрави новиот договор, нарекувајќи го голема работа за трите држави, со кој се разрешуваат многу разлики и недостатоци кои ги имал претходниот договор - НАФТА.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG