Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека има голема заинтересираност за собирот на кој тој и официјално ќе ја започне неговата кампања за реизбор во 2020-та година.
Трамп по инаугурацијата во 2017-та година кажа дека ќе се кандидира за втор четиригодишен мандат во Белата куќа. Сепак, американските политичари и официјално ги започнуваат своите кампањи за да поттикнат ентузијазам.
„Добив информација дека на настанот кога ќе биде објавен почетокот на кампањата и кој е закажан за 18-ти јуни во Орландо, Флорида, веќе има 74.000 барања за 20.000 места“ напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека „Од сите настани што ги организиравме, изгледа дека заинтересираноста е најголема за овој настан. Се гледаме во Флорида!“
Трамп веќе со месеци води битка со потенцијалните демократски кандидати.
Националните истражувања покажуваат дека американските гласачи не го одобруваат 29 месечното претседателствување на Трамп. Во моментов со маргина од 52.8 проценти до 43.9 проценти.
Нова анкета на Универзитетот Квинепек покажа дека Трамп заостанува зад неколку од 23-те демократски кандидати кои ја бараат претседателската номинација, при што поранешниот потпретседател Џо Бајден има најголема предност во хипотетички избори, со 53 наспроти 40 проценти поддршка.
Трамп ги нападна извештаите дека Бајден води во анкетите.
„Лажните вести никогаш не биле понечесни отколку што се денес“ тврди претседателот на САД.
Претседателските избори се за 17 месеци.
Facebook Forum