На почетокот на демократската виртуелна конвенција, претседателот на САД Доналд Трамп замина на кампања во Минесота и Висконсин.
Претседателот зборуваше пред поканети поддржувачи, обвинувајќи го неговиот очекуван изборен противник дека е послушник на „левичарските фашисти“.
Трамп предупреди дека евентуална победа на опозициската партија во ноември, би значело отворени граници и економски колапс.
Тој, исто така, додаде дека никој нема да биде безбеден ако Бајден ја води Америка, оти тој и неговата изборна партнерка Камала Харис, биле против полицијата и го поддржувале криминалот.
Претседателот денес патува во Аризона, а за два дена се очекува да биде во Пенсилванија. Тоа ќе биде ист ден кога е закажан говорот на Бајден за прифаќање на демократската номинација за претседател.
Facebook Forum