Линкови за пристапност

САД: Почнува да се оформува тимот за национална безбедност


Сенатот ја потврди номинацијата на претседателот Трамп за прв човек на ЦИА.

Со 66 гласови „за“ и 32 „против“, Сенатот ја потврди номинацијата на претседателот Доналд Трамп за прв човек на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Церемонијата на положување заклетва на републиканскиот конгресмен Мајк Помпео, ја предводеше потпретседателот Мајк Пенс.

Претходно, беа потврдени позициите за секретар за одбрана, Џон Матис и секретарот за домашна безбедност, Џон Кели.

Помпео претходно ја критикуваше администрацијата на Барак Обама, за ставање крај на таканаречените „засилени техники на испрашување“. Сепак, за време на минатонеделниот сенатски распит тој вети дека ќе го следи американскиот закон, кога станува збор за третманот на притворениците.

Во меѓувреме, Сенатската комисија за надворешни работи, ја потврди номинацијата на Рекс Тилерсон, на функцијата државен секретар.

Номинацијата на Тилерсон сега оди на гласање пред полн состав на Сенатот, што се очекува да се случи подоцна неделава.

XS
SM
MD
LG