Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денес изјави дека очекува Сенатот да ги потврди сите негови номинации за идниот Кабинет, иако шефот на Одделот за владина етика рече дека некои од нив допрва ќе треба да објават информации за нивната финансиска состојба.
Трамп ги даде ваквите предвидувања во Њујорк, каде продолжува да се среќава со политички и со бизнис лидери, 11 дена пред неговата инаугурација, како 45-ти претседател на САД.
„Мислам дека сите ќе поминат“, рече Трамп, опишувајќи ги сите како „врвни кандидати“.
Првото сослушување во Сенатот за именувањата на Трамп почнува утре, а ќе продолжи и во среда и во четврток.
Утре, први ќе бидат сослушани сенаторот од Алабама, Џеф Сешнс, кого Трамп го номинираше за главен правобранител, и пензионираниот генерал, Џон Кели, одбран за шеф на Одделот за домашна безбедност.