Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп добиваат кралски третман од кралицата Елизабета Втора, вклучувајќи и државна вечера.
По денешната церемонија за добредојде, пак, која вклучуваше и топовски поздрав, Трамп и Меланија имаа тура во галеријата на фотографии во Бакингамската палата, каде меѓу артефактите, беше изложена и мапа од Њујорк која потекува од 18 век.
Потоа претседателот Трамп и принцот Чарлс положија венец на гробот на Незнајниот војник, како дел од 75-годишнината од Денот „Д“.
Пред да го напушти Вашингтон, Трамп рече дека ова патување ќе биде многу интересно оти верува дека САД и Британија имаат можност да направат „многу голем трговски договор“ во блиска иднина.
Посетата на Трамп ќе вклучува и комеморативни служби за Денот „Д“ во Британија и Франција, како и посета на Ирска.
Facebook Forum