Линкови за пристапност

Трамп се среќава со бразилскиот претседател денес во Белата куќа


Двајцата лидери се очекува да зборуваат за подобрување на трговијата и унапредување на дипломатските врски

Претседателот на САД Доналд Трамп ќе го пречека бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денес во Белата куќа.

Двајцата лидери се очекува да зборуваат за подобрување на трговијата и унапредување на дипломатските врски.

Висок официјален претставник од администрацијата на Трамп, претходно пред новинарите, изјави дека двете држави имаат интензивни разговори за прашања поврзани со земјоделието, нагласувајќи дека резултатите од тие преговори би можеле да бидат најавени во заедничка изјава денес.

Останатите теми вклучуваат и доближување на американските и бразилските бизнис заедници, како и соработка во областа на енергијата и други инфраструктурни иницијативи.

Се очекува да се нагласи и заедничка поддршка за венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо, кој беше признат за венецуелски легитимен лидер од повеќето западни држави, вклучувајќи ги САД и Бразил.

Официјалниот претставник од администрацијата на Трамп, исто така, вели дека бразилската Армија може да игра улога во кризата во Венецуела, со цел да се заштити цивилното население.

Болсонаро беше избран за претседател минатата година, а САД и Бразил досега потпишаа неколку договори, вклучувајќи и еден кој отвора можност за американските компании да лансираат сателите од Бразилскиот вселенски центар, како и договор кој го олеснува визното патување од САД во Бразил.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG