Линкови за пристапност

Постигнат начелен договор за финансирање на Владата на САД


Со договорот треба да се спречи ново затворање на американската влада три недели по рекордното долгото владино затворање кое траеше 35 дена

Американските конгресни преговарачи во принцип постигнале договор за финансирање на Владата и со тоа избегнување на повторно владино затворање на крајот на неделата.

Двопартиската група не ги објави деталите јавно, но помошниците на Конгресот изјавија дека договорот вклучува околу 1,4 милијарди долари за изградба на 88 километри нова ограда на границата меѓу САД и Мексико. Исто така, предвидена е и технолошка надградба на скринингот на граничните точки за влез, како и повеќе царински службеници и хуманитарна помош.

Ниту еден од нас нема да добие се што сака, но ќе го добиеме она што е најдобро за САД
Патрик Лихи, сенатор

Претседателот Доналд Трамп бараше 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот. Демократите, оценувајќи го тоа како залудно и неефективно трошење, соопштија дека ќе одобрат средства само за мерки за граничната безбедност, а не и за ѕидот.

Начелниот договор претставува одреден степен на компромис.

„Ниту еден од нас нема да добие се што сака, но ќе го добиеме она што е најдобро за САД“, рече сенаторот Патрик Лихи, демократ кој е дел од преговарачкиот комитет.

Не е јасно дали Трамп ќе потпише договор со кој не е предвидено целосно финансирање на неговиот ѕид, но сенаторот Ричард Шелби, републиканец кој го води Комитетот за апропријација во Сенатот, рече дека, од разговорите со администрацијата на Трамп, верува дека претседателот ќе го поддржи начелниот договор.

Сенаторката Шели Мур Капито, уште една републиканка во преговарачкиот комитет, рече дека останува „претпазлив оптимист“ и со нетрпение го очекува финализирањето на деталите.

Од друга страна пак, републиканецот Марк Медоус рече дека Конгресот не ја врши својата работа.

Белата куќа и законодавците имаат краен рок да се договорат до петок. Тогаш повторно завршува финансирањето на околу една четвртина од владините операции. Со договорот треба да се спречи ново затворање на владата три недели по рекордното долгото владино затворање кое траеше 35 дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG