Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека ќе прогласи вонредна состојба за да може да се изгради ѕидот на границата со Мексико.
Тој нагласи дека сака да ги заштити сите мајки, татковци и семејства од убиставата кои ги вршат илегалните имигранти кои доаѓаат во државата.
„Ова ќе биде одлична работа да ја направиме бидејќи имаме инвазија“, рече Трамп, додавајќи дека сака да ги стопира криминалците, дилерите на дрога и членовите на банди да влегуваат нелегално во САД.
Трамп, исто така, рече дека ќе го потпише законот што Сенатот и Претставничкиот дом претходно го донесоа за гранична безбедност и владино финансирање, со цел да се избегне уште едно затворање.
Законот предвидува само 1.3 милијарди долари за изградба на ограда од 90 километри долж границата, што е многу помалку од 5.7 милијарди долари за изградба на ѕид од 322 километри.
Но, со прогласување вонредна состојба Трамп може да повлече пари од други владини агенција, што може да ги искористи за ѕидот.
Ако тој дефинитивно прогласи вонредна состојба, демократите и други одлуката ќе ја обжалат на суд, потег што ќе ја одложи изградбата на ѕидот со години.
Facebook Forum