Линкови за пристапност

Трамп вечерва ќе зборува на границата со Мексико за изградбата на ѕидот


Ваквата посета доаѓа пред истекот на крајниот рок во петок за привременото владино финансирање

Претседателот на САД Доналд Трамп ќе ја посети границата кај Ел Пасо, Тексас, каде вечерва се очекува да зборува за неговите барања да се изгради ѕид со цел да се спречи нелегалниот влез во САД од Мексико.

Ваквата посета доаѓа пред истекот на крајниот рок во петок за привременото владино финансирање, кога може да дојде до ново затворање ако дотогаш не се постигне договор со демократите.

Стотици негови поддржувачи вчера се собраа на границата со Мексико да побараат од претседателот да се изгради ѕидот.

Парите за изградба на ѕидот на јужната американска граница останува главен проблем за постигнување двопартиско решение. Претседателот бара 5.7 милијарди долари за негово финансирање, додека демократите велат дека се подготвени да одобрат одредена сума пари, која е многу пониска од онаа што тој ја бара.

Трамп одби да исклучи второ владино затворање ако не му се допадне решението за граничната безбедност што тие ќе го презентираат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG