Линкови за пристапност

Трамп и демократите се судрија во Овалната канцеларија


Заканата за затворање на Владата се засили по средбата во Белата куќа

Лидерите на демократите и американскиот претседател Доналд Трамп јавно се судрија во Овалната канцеларија во вторникот по претседателската закана дека ќе ја затвори Владата ако законодавците не овозможат соодветно финансирање на ѕидот по должината на границата со Мексико, прогласувајќи го како одговор на „национална вонредна состојба“.

Лидерите на демократите, Чак Шумер и Ненси Пелоси, излегувајќи од западното крило, дадоа кратки изјави за новинарите.

„Затворањето (на Владата) од страна на Трамп е нешто што може да се избегне,“ изјави Пелоси.

„Претседателот јасно стави на знаење дека сака затворање,“ рече Шумер и предупреди дека ако Трамп инсистира на барањето на пет милијарди долари за граничниот ѕид тогаш „ќе добие затворање (на Владата) и нема да има ѕид“.

Жолчната расправија во Белата куќа, всушност, беше „конструктивен дијалог“ според портпаролката на Белата Куќа Сара Сандерс. „Претседателот Трамп беше благодарен за можноста новинарите да бидат присутни на средбата, за да може американската јавност од прва рака да види дека, додека републиканците се борат да ја заштитат нашата граница, демократите се борат да ги заштитат илегалните мигранти. За оваа администрација Американците се секогаш на прво место.“

Лидерите на демократите му понудија на претседателот 1,3 милијарди долари за неговиот граничен проект. Трамп бара пет милијарди долари, иако претходно во повеќе наврати инсистираше дека Мексико ќе плати за ѕидот.

Пред состанокот, претседателот, преку порака на Твитер предупреди дека американската армија ќе го изгради ѕидот на границата ако демократите не дозволат соодветно финансирање за таа намена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG