Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека „целосно ќе биде подготвен“ делумно да ја затвори Владата следната недела, ако не добие повеќе средства за ѕидот по должината на границата на САД со Мексико, кој треба да ги спречи мигрантите од Централна Америка да влегуваат во државата.
Американскиот лидер, кој речиси секојдневно вербално ги напаѓа мигрантите кои се обидуваат да преминат во САД, за порталот „Политико“ изјави дека инсистира изградбата на ѕидот вредна пет милијарди долари да биде вклучена во мерките кои Конгресот треба да ги одобри за да ги задржи отворени неколкуте федерални агенции откако ќе помине рокот за нивно финансирање кој истекува на 7-ми декември.
Опозиционите демократи рекоа дека ќе одобрат 1,6 милијарди долари за ѕидот. Некои републиканци исто така се против ѕидот на Трамп, за кој во 2016 година за време на претседателската кампања тој рече дека изградбата ќе ја плати Мексико, иако сега сака сметката да ја подмират американските даночни обврзници.
Facebook Forum