Линкови за пристапност

Првите гласачки места се затвораат додека Трамп и Бајден чекаат гласовите да бидат преброени


Повеќе од 101 милион луѓе гласаа рано среде пандемијата на коронавирус, додека милиони други гласаа на Денот на изборите

Во тек е броењето на гласовите во држави на источниот дел на САД, додека Американците решаваат дали на претседателот Трамп да му дадат уште еден четиригодишен мандат или Белата куќа да ја предадат на демократскиот предизвикувач Џо Бајден.

Десетици милиони на гласачки ливчиња од вторникот се додадени на рекордните 100 милиони во раното гласање, додека Американците избираат претседател, законодавци и државни и локални претставници. Учеството на овие избори се очекува да ги урне рекордите и покрај пореметувањето предизвикано од пандемијата на коронавирус. Во наредните часови големо внимание ќе се посвети на пребројувањето на гласовите во државите од Атлантикот Флорида и Северна Каролина - двете сојузни држави кои му помогнаа на Трамп да освои победа во 2016 и каде последните истражувања на јавно мислење покажаа дека Трамп и Бајден се изедначени. Источната држава Пенсилванија е исто така фокус на внимание, но таму може да нема конечни резултати со денови после гласањето. Аналитичарите велат дека сите три држави се клучни за Трамп да освои втор мандат и да избегне да стане трет американски претседател во последните четири децении кој не бил реизбран.

XS
SM
MD
LG