Линкови за пристапност

Дали повеќе пари за кампања значи и победа на избори?


Трамп имаше значително добар почеток во собирање донации за негов реизбор, но, Бајден го надмина со 10 милиони долари во јуни

Претседателот на САД Доналд Трамп, и неговиот демократски претседателски ривал Џо Бајден, се на пат да го надминат рекордот на изборно финансирање, пред да се соочат во ноември.

Иако Трамп имаше значително добар почеток во собирање донации за негов реизбор, Бајден го надмина со 10 милиони долари во јуни.

Финансирањето на изборните кампањи отсекогаш било предизвик за кандидатите, нивните политички партии и за организации кои ги поддржуваат, како што трошоците за изборна кампања се зголемуваат секои четири години.

Колку чинат претседателските кампањи во САД?

Изборните кампањи на двете најголеми политички партии собираат и трошат стотици милиони долари, од моментот кога потенцијалната номинација најавува дека се кандидира за генералните избори. Тој период трае речиси цела година.

Вкупните изборни трошоци надминаа над 1000 проценти од 1980 година, кога Роналд Реган го победи Џими Картер, до 2012 година, кога Барак Обама го победи Мит Ромни.

Набљудувачите велат дека изборите 2020 би можеле да излезат најскапи во досегашната историја на Америка, и покрај ограничувањата поради пандемијата.​


Историја на претседателски изборни трошоци

Во споредба со денес, првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, потрошил речиси ништо во трката за Белата куќа во 1788-1789, кога Америка била помала држава, без можност за масовна комуникација.

Денес, кампањите имаат цел да привлечат повеќе од 150 милиони регистрирани гласачи на интернет, на социјалните медиуми, и лично.

Најголем дел од изборните пари одат во рекламите во медиумите, потоа за вработени, јавни настани кои, сега, за време на пандемијата, во најголем дел се случуваат виртуелно.

Од каде доаѓаат парите?

Претседателските изборни кампањи собираат донации директно од американските граѓани, од кои секој може да даде 2.800 долари вкупно за едни избори. По освојување на номинацијата, кандидатите соработуваат со партискиот комитет и бизнисот.

Дали повеќе пари за кампања значи и победа на избори?

Поранешната демократска претседателска номинација Хилари Клинтон потроши стотици милиони долари повеќе од Трамп во 2016 година, и ги изгуби изборите.

Сепак, во суштина, повеќе пари ја зголемуваат можноста за победа на изборниот ден.

Од 2000 до 2012 година, и републиканецот Џорџ Буш, и демократот Барак Обама, успеаја да победат на два изборни процеса, натпреварувајќи се со поскапи изборни кампањи.

Прогнози за трошоците 2020

Вкупните трошоци за годинешниве избори нема да се знаат до после изборите во ноември, но, уште отсега покажуваат високи бројки.

И Бајден и Трамп собраа донации над половина милијарда долари заедно, изминативе три месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG