Претседателот на САД Доналд Трамп вчера ја продолжи изборната кампања во Минеаполис, првпат откако беше отворена истрагата за негов импичмент од страна на Претставничкиот дом.
„Претседателот на Украина пред новинарите изјави дка не бил под никаков притисок. Тој рече дека немало никаква уцена за време на телефонскиот разговор“, рече Трамп, напаѓајќи го кредибилитетот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.
На кампања во Њу Хемпшир, пак, Бајден рече дека потегот на Трамп е основа за импичмент, и оти тој ќе биде повикан на одговорност.
Трамп верува дека истрагата за импичмент е дел од напорите тој да не победи на изборите наредната година, иако рече дека ќе победи во Минесота, сојузната држава која ја изгуби на претходните избори.
Facebook Forum