Американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот предизвикувач Џо Бајден во четвртокот навеечер имаа конкурентни собири, посегнувајќи по гласачите на одвоени форуми во исто време.
Иако требаше да биде дебата на двајцата, откако на 2-ри октомври Трамп соопшти дека добил Ковид-19 организаторите настанот го направија виртуелен, на што Трамп одби да учествува. Наместо тоа се одржаа два одвоени собири, во државите Пенсилванија и Флорида.
На телевизијата NBC Трамп кажа дека бил во Северна Каролина истиот тој ден и на собирот имало голем одзив што направило да се чувствува „навистина добро“.
Трамп го бранеше своето постапување по Ковид-19, кога ги блокирал летовите од Кина за САД во втората половина на јануари.
Таквиот одговор не е преодна оценка за Бајден, кој се појави на собир што го пренесуваше друга телевизија, ABC.
„Должност на претседателот е да води, а тој тоа не го направи. Тој не зборуваше за тоа што треба да се направи зашто беше загрижен, според мене, за берзата.“
Бајден смета дека Трамп требало да изврши притисок врз гувернерите на сојузните држави и градоначалниците да спроведат рестрикции за кои, вели тој, ќе спаселе повеќе животи.
Номинацијата на Трамп за Врховниот суд, Еми Кони Барет, беше недлава на распит за конфирмација во Сенатот, и ако биде потврдена би можела да помогне во судското решение доколку изборите треба така да се решат.
„Зависи од неа. Мислам дека би била способна да одлучи или за мене или против мене Не гледам тука никаков конфликт “ , рече Трамп.
Бајден рече дека не е против проширувањето на високиот суд за да се промени балансот.
„Не би го сакал тоа, но зависи како ќе излезе“, рече тој.
Кандидатите беа согласни за една работа.
„Избори доаѓаат. Мислам дека тоа се најважните избори во историјата на оваа држава“, рече Трамп.
Бајден вети дека ќе работи со републиканците доколку е избран.
„Затоа што има многу работи за кои навистина се согласуваме“, рече Бајден.
Но има и многу што ги дели партиите. Раното гласање започна во многу држави и Трамп предупредува на широкораспространети неправилности. Повеќето стручњаци за избори велат дека тоа не се случува.
Трамп беше запрашан дали ќе ги прифати резултатите од изборите:
„Одговорот е да. Но, сакам тоа да бидат чесни избори, како што сакаат сите“.
Кандидатите треба да се сретнат една недела од сега за конечно соочување на дебата.