Линкови за пристапност

Последна дебата меѓу Трамп и Бајден пред изборите


Комисијата за дебати ќе го исклучува микрофонот на секој кандидат додека другиот зборува, за да не се прекинуваат меѓусебе

Вечерва е последната дебата меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, пред изборите на трети ноември.

На претходната 90-минутна дебата минатиот месец, двајцата кандидати се прекинуваа меѓусебе, особено претседателот Трамп, поради што некои политички критичари ја опишаа како најлоша претседателска дебата во историјата на САД.

Овојпат, независната Комисија за дебати ќе го исклучува микрофонот на секој кандидат додека другиот зборува. Секој кандидат ќе има по две минути да одговари на прашањата на шест актуелни теми, избрани од модераторот Кристен Велкер од Ен-би-си.

Комисијата вели дека кога кандидатите нема да се обидуваат да се прекинуваат, американските граѓани, особено неопределените, би можеле да имаат појасна слика за кого да гласаат.

Повеќе од 43 милиони Американци веќе гласаа лично или по пошта. Дел од нив одлучија да гласаат рано поради пандемијата на ковид-19, за да можат да ги одбегнат долгите редици на гласачи кои се очекува да излезат на изборниот ден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG