Линкови за пристапност

Не е фер што ги променија темите за дебатата, рече Трамп


Последната дебата ќе се случи в четврток во Нешвил, Тенеси, и ќе се одвива според нови правила за да се спречат кандидатите да се прекинуваат меѓусебе

Втората и последна претседателска дебата пред изборите во САД во ноември, ќе се одвива според нови правила за да се спречат кандидатите да се прекинуваат меѓусебе.

Претседателот Доналд Трамп изрази незадоволство поради промените, изјавувајќи пред новинарите дека мисли оти тоа не е фер. Сепак, Трамп рече дека ќе учествува во дебатата која ќе се случи в четврток во Нешвил, Тенеси.

„Ќе учествувам, но, многу е нефер што ги променија темите, и што ќе имаме водител кој е целосно пристрасен“, рече Трамп.

Кристен Велкер, дописничка од Белата куќа за телевизијата Ен-би-си, ќе биде модератор на дебатата, и одбра да ги праша Трамп и неговиот демократски противкандидат Џо Бајден за справувањето со ковид-19, американските семејства, климатските промени, националната безбедност и за лидерство.

Кампањата на Трамп вчера рече дека дебатата би требала да се фокусира на меѓународни прашања.

Кампањата на Бајден, пак, вели дека Трамп сака да одбегне дискусија за тоа како неговата администрација се справува со коронакризата, и оти двете страни се согласиле модераторите да ги бираат темите за дебатите.

„Како и обично, претседателот е повеќе загрижен за правилата на дебатата отколку обезбедување помош за кризата во која се наоѓа државата“, изјави портпаролот на Бајден Тиџеј Дакло.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG