Линкови за пристапност

Место дебата, Трамп и Бајден вечерва ќе одговараат на прашања од гласачите во исто време


Телевизијата Ен-би-си ќе го пренесува настанот на Трамп од Мајами, а Еј-би-си настанот на Бајден од Филаделфија

Претседателот на САД Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден, вечерва, место да се соочат на дебата, истовремено ќе одражат средби со гласачите, на кои тие ќе им поставуваат прашања.

Тие вечерва требаше да имаат виртуелна дебата, но, Трамп го откажа присуството поради промена на форматот на средбата.

Телевизијата Ен-би-си објави дека ќе го пренесува настанот на Трамп во Мајами, Флорида, каде тој ќе се соочи со гласачите. Телевизијата Еј-би-си, пак, во исто време ќе го пренесува настанот на Бајден од Филаделфија, Пенсилванија.

Флорида и Пенсилванија се клучни сојузни држави за двајцата кандидати на изборите во ноември.

Бројот на гласачи кои ќе се појават на настаните ќе биде индикатор за тоа кој кандидат тие го преферираат на помалку од три недели пред официјалниот изборен ден.

Префрлувајќи се од еден на друг настан, граѓаните кои не одлучиле за кого ќе гласаат, ќе можат да слушнат како кандидатите одговараат на исти прашања.

Двајцата кандидати се` уште се закажани да имаат последна дебата на 22 октомври, 12 дена пред изборите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG