Линкови за пристапност

Да се откажат наредните дебати меѓу Трамп и Бајден, реагираат аналитичари

Поделени реакции по вчерашната дебата

Вербалните напади за време на првата дебата меѓу претседателот Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден предизвикаа поделени реакции.

Рона Мекданиел, која е на чело на Националниот комитет на Републиканската партија, на Твитер напиша дека во рок од 90 минути, Трамп испратил сигурна и импресивна порака зошто треба да биде реизбран за претседател, и оти покажал дека Бајден поддржува радикални позиции, зголемување на даноци, уништување на работни места и несигурни заедници.

Тим Марто, директор за комуникации на кампањата на претседателот Трамп, за Гласот на Америка, рече дека претставувањето на Трамп било фантастично.

„Она што гледачите го видоа е дека претседателот Трамп имаше контрола врз секој момент од дебатата, и мислам дека она што го видоа е слаб Џо Бајден“, рече тој.

Демократите, пак, велат дека Трамп покажал зошто не треба да му се довери втор мандат.

„Доналд Трамп ја разочара држвата со лаги, расизам и несоодветно лидерство“, напиша на Твитер демократскиот сенатор од Њу Џерси Кори Букер.

Уредничката во Вашингтон пост Карен Атија, го осуди гласното и хаотично разменување меѓу двајцата кандидати, нарекувајќи го вчерашниот настан „национален срам“.

Поранешниот републикански сенатор Џеф Блејк рече дека државата е подобра од она што можело да се види на дебатата.

Политикологот од Универзитетот на Вирџинија Лери Сабато, побара да се откажат наредните претседателски дебати.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG