Линкови за пристапност

Трамп и Бајден се навредуваа меѓусебе на претседателската дебата


Тие се обидоа во рок од 90 минути да ги убедат американските гласачи кој треба да биде претседател во наредните четири години

Претседателот на САД Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден се спротивставија во хаотична претседателска дебата, обидувајќи се 90 минути да ги убедат американските гласачи кој треба да биде претседател во наредните четири години.

Тие дебатираа за смртната стапка од 205.000 како последица на коронавирусот, за интегритетот на галасањето на трети ноември, номинацијата на Трамп на Ејми Кони Барет за судијка на Врховниот суд, за расните односи во државата, климатските промени и многу повеќе.

Трамп го отфрли извештајот на Њујорк тајмс дека наводно платил само 750 долари федерален данок во 2016 и 2017 година, велјеќи дека платил милиони долари.

Бајден, пак, рече дека Трамп „плаќа помалку донак од учителка во школо“.

Во најголем дел, тие меѓусебно се навредуваа.

„Тој е најлош претседател што Америка некогаш го имала“, рече Бајден, неколку пати нарекувајќи го кловн.

Трамп, пак, рече дека направил повеќе за 47 месеци како претседател, отколку што Бајден направил 47 години како сенатор и потпретседател, за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG