Линкови за пристапност

И Трамп и Бајден вечерва во Ајова


Паралелните кампањи се случајни, и двајцата кандидати нема да можат да се доближат на 160 километри еден од друг

Претседателот на САД Доналд Трамп и поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, вечерва во Ајова ќе имаат паралелни кампањи во оваа сојузна држава.

Кампањите се случајни, и двајцата кандидати нема да можат да се доближат на 160 километри еден од друг.

Трамп, се очекува да зборува за обновлива енергија во западниот дел на оваа сојузна држава, од каде ќе отпатува во Де Мојн, град со повеќе од 200.000 жители, каде ќе има вечера и настан за собирање донации со републиканците.

Бајден, пак, ќе посети три заедници во источниот дел на сојузната држава.

Двајцата кандидати со недели вербално се напаѓаат еден со друг, меѓусебно оцрнувајќи ги нивните карактер, политики и однесување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG