Линкови за пристапност

Трамп има надлежност да го отпушти Мулер


Правни експерти велат дека претседателот може да преземе таква акција преку заменик – главниот правобранител, кој пак може да не се согласи со таквата одлука

Претседателот има овластување да го отпушти специјалниот советник Роберт Мулер, назначен да ја истражи врската меѓу неговата кампања и Русија, соопшти Белата куќа.

„Претседателот има моќ да донесе таква одлука“, рече портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, на прашањето на новинарите дали претседателот Трамп има надлежност да го отпушти Мулер.

Повеќе правни експерти велат дека претседателот може да преземе таква акција преку заменик - главниот правобранител Род Росенстајн, кој, пак, може да одбие да ја спроведе таквата одлука.

Бројни демократи и некои републиканци во Конгресот, предупредија дека таков драстичен потег би можел да го загрози претседателството на Трамп, како и да предизвика уставна криза

„Мислам дека отпуштањето на Мулер ќе биде самоубиство за претседателот“, изјави вчера за Си-ен-ен, претседавачот на Сенатска комисија за правосудство Чарлс Грасли.

Тој го повика Трамп да не ја попречува истрагата на специјалниот советник.

„Њујорк тајмс“ вчера доцна објави дека Трамп побарал Мулер да биде отпуштен.

Извештајот беше базиран на интервјуа со претставници од Белата куќа. Во него се вели дека Трамп бил гневен на извештаите на „Њујорк тајмс“, во кои се вели дека канцеларијата на Мулер издавала судски покани за неговите бизнис односи со „Дојче банк“, кои подоцна се покажаа неточни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG