Претседателот на САД Доналд Трамп и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси продолжија со препукувањата дали тој треба да соочи со импичмент.
Пелоси изјави дека претседателот Трамп сака опозициските демократски да покренат импичмент, но дека случајот треба да комплетиран пред формално да се отпочне процесот.
Таа рече дека неколку тековни истраги што ги спроведува Претставничкиот дом под контрола на демократите „може да доведат до импичмент“ но дека во моментов нема услови за тоа.
Стотици демократи и еден републикански конгресмен од вкупно 435 членови на Претставничкиот дом побараа почеток на постапката за импичмент, иако има мала веројатноста дека Сенатот под контрола на републиканците ќе го отстрани од функцијата.
Пелоси рече дека тоа е „она што тој го посакува.“
Таа рече дека демократите ќе ги „следат фактите" во собирањето информации за финансиските трансакции на Трамп, неговото 28-месечно претседателство и последиците од истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер и дали претседателот се обидел да ја попречи истрагата.
Трамп ја нарече Пелоси „лудата Ненси“ велејќи за себе „Јас сум исклучително стабилен гениј“.
Пелоси подоцна на Твитер напиша: „Кога исклучително стабилниот гениј ќе започне да делува по претседателски, јас ќе бидам среќна да соработувам со него на инфраструктурни, трговски и други прашања“.
Facebook Forum