За време на првата официјална посета на Азија, претседателот Доналд Трамп ќе се заложи за зголемување на меѓународната поддршка, со цел да направи притисок врз севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, да се откаже од програмите за нуклеарно оружје и балистички проектили.
Се очекува лидерите на Јапонија и на Јужна Кореја да го истакнат цврстото сојузништво со САД, но, и загриженоста од можен воен напад на Северна Кореја.
Трамп нема да присуствува на Југоисточниот самит, организиран од Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН), каде регионалните лидери ќе се фокусираат на безбедносните прашања, како заканата од Северна Кореја.
Администрацијата на Трамп не даде конкретна причина зошто претседателот нема да учествува на конференцијата, нагласувајќи дека одлуката била донесена согласно расположливото време.
Спречување на Северна Кореја од развој на нуклеарен проектил, кој би можел да ја погоди американската копнена територија, стана прв приоритет за националната безбедност на Трамп.
Администрацијата на Трамп соработуваше со Кина и со Русија во Обединетите нации да воведат потешки економски санкции кон Северна Кореја.
Facebook Forum