Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја разгледува можноста да ја посети демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров за време на петдневната турнеја во Азија.
Јужнокорејските медиуми шпекулираат дека Трамп ќе ја посети обезбедуваната зона, со големо армиско присуство и арсенал за време на планираната петдневна турнеја по Азија, следниот месец.
Трамп директно не одговори дали ќе направи слична посета како потпретседателот Мајк Пенс во април, на која, пак, се гледаше како на провокација од страна на Северна Кореја.
За време на петдневната посета на Азија, Трамп ќе се обиде да го обедини притисокот од сојузниците против развојот на нуклеарно оружје на Северна Кореја, но, исто така ќе ги промовира американски економски интереси во регионот.
Facebook Forum