Линкови за пристапност

Трамп патува во пет азиски држави


Патувањето на претседателот ќе биде на почеток на наредниот месец, со цел да се зголеми притисокот врз Северна Кореја

Претседателот на САД Доналд Трамп патува во пет азиски држави, на почеток на наредниот месец, со цел да го зголеми притисокот против развој на нуклеарно оружје на Северна Кореја, како и да ги промовира американските економски интереси во регионот.

Белата куќа соопшти дека патувањето на Трамп, од 3-ти до 14-ти ноември, ќе вклучува посета на Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и на Филипините, каде ќе има средби со претседателите на секоја од овие држави. Планирано е да го посети и Хаваи.

Предвидени се официјални средби во тек на меѓународни состаноци, како и церемонијални и културни настани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG