Линкови за пристапност

57 отсто од ветераните го поддржуваат Трамп


Сепак, и покрај поддршката од мнозинството, истражувањето открива дека 45 отсто од нив сметаат дека тој не ги следи насоките на воените советници

Претседателот на САД Доналд Трамп има поддршка од мнозинството воени ветерани во државата, покажува најновата анкета на истражувачкиот центар Пју, која открива дека 57 отсто од нив го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со обрските како Врховен командант на вооружените сили.

Речиси шест од десет испитаници се изјасниле дека му веруваат на претседателот дека може да направи вистинска одлука за употребата на воената сила, додека 48 отсто мислат оти Трамп ја направил Армијата посилна.

Истражувањето опфаќа повеќе од 1.200 ветерани, кои биле испрашувани во периодот од 14 мај до трети јуни.

Сепак, и покрај поддршката од мнозинството, истражувањето открива дека ветераните се речиси поделени околу прашањето за лидерството на Трамп, односно 45 отсто од нив сметаат дека тој не внимава доволно на советите што му ги даваат воените советници.

30 отсто од нив, пак, воопшто не му веруваат на Трамп дека може да донесе исправна одлука за употребата на нуклеарно оружје.

Но, поддршката на Трамп нагло опадна кај ветераните кои се идентификуваат како демократи, или само шест проценти од нив ги одобруваат неговите политики, додека 92 отсто од ветераните кои се идентификуваат како републиканции му даваат цврста поддршка.

Согласно Одделот за статистика на САД, ветераните претставуваа десет проценти од регистрираните гласачи за време на изборите во 2018-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG