Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека сериозно ќе ја разгледа состојбата со онлајн гигантот Амазон за да преземе мерки за, како што нарече, неправедните деловни предности.
Трамп го обвини Амазон дека условите на работа не се еднакви со останатите фирми во САД, и оти компанијата не плаќала доволно данок на продажбата.
„Она што американската пошта го прави со Амазон, можам да кажам деке не е во ред. Ќе видиме што ќе се случи. Бизнис-играта во САД треба да биде еднаква за сите, тоа е многу важно“, рече Трамп.
Запрашан дали сака да направи промени во политиката поврзани со он-лајн продавачот, Трамп рече дека сериозно ќе го разгледа тоа прашање.
Трамп оваа изјава за новинарите ја даде по посетата на Западна Вирџинија.
Тој претходно го нарече Вашингтон пост, „главен лобист“ за Амазон.
Вашингтон пост е во приватна сопственост на Џеф Безос, кој пак е основач и извршен директор на Амазон.
Меѓутоа, тој и самиот весник претходно изјавија дека не е вклучен во новинарските одлуки на медиумската куќа.
Facebook Forum