Линкови за пристапност

Трамп: Демократите премногу играат на руската карта


Претседателот рече дека луѓето не им веруваат на обвинувањата на демократите, за поврзаност на неговата кампања и Русија

Претседателот Доналд Трамп изјави дека медимуите, кои кои се однесуваат како во „лов на вештерки“ поврзувајќи ја неговата претседателска кампања со Русија, се „лоши за државата“, бидејќи „не постои никаква поврзаност, опструкција, нема ништо“.

Трамп ги обвини демократите дека премногу играат на руската карта, бидејќи луѓето не им веруваат.

„Кога велат неверство, вие знаете тоа што значи, нели? Тоа е семејството Розенберг, за давање атомска бомба (на Русите)“, рече претседателот.

Трамп, по едночасовен разговор во авион кон Франција, ги бранеше разговорите лице в лице со рускиот претседател, со кого се сретнаа минатата недела во Германија, поради заедничките интереси за Сирија и други геополитички прашања.

„Ако нема дијалог, мора да сте глупави“, рече Трамп, и додаде: „Ајде да бидеме паметни луѓе, не глупави“.

Прашања за Путин

Трамп рече дека сака, следниот пат кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, да го праша кој тој навистина сакал да победи на изборите во САД, дали тој или демократската номинација Хилари Клинтон.

„Бидејќи не верувам дека би бил за мене“, алудирајќи дека неговите позиции за воената и енергетска политика се повеќе штетни за Москва, отколку на неговиот демократски противник.

Во однос на можно олеснување на санкциите на САД кон Русија, Трамп вели:

„САД сега имаат многу ригорозни санкции кон Русија. Јас не би помислил, ниту пак некогаш сум помислил за нивно повлекување“.

Тој рече дека би сакал да го покани Путин во Белата куќа, но, нагласи дека не верува дека сега е вистински момент за тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG