Линкови за пристапност

Роџер Стоун доби забрана да зборува јавно за неговиот случај


Тој доби судска опомена поради објавување на навидум заканувачка фотографија на социјалните медиуми

Роџер Стоун, долгогодишен советник на американскиот претседател Доналд Трамп, доби судски налог да не смее да зборува во јавност за истрагата на специјалниот советник против него.

Стоун вчера во Вашингтон доби судска опомена поради објавување на фотографија на социјалните медиуми, што навидум изгледа дека нишани во судијката.

Стоун се извини, но, судијката го отфрли извинувањето.

Тој се соочува со судење под обвинение дека во координација со претставници на кампањата на Трамп во 2016-та година, од Викиликс побарал украдени електронски пораки, штетни за тогашната претседателска кандидатка Хилари Клинтон.

Адвокатот на Стоун рече дека неговата постапка кон судијката била „неоправдана“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG