Линкови за пристапност

Трамп во Авганистан соопшти дека продолжуваат мировните преговори со талибанците


Американскиот претседател Доналд Трамп на Денот на благодарноста оствари ненајавена посета на американските трупи во Авганистан, каде соопшти дека неговата администрација ги продолжила мировните преговори со Талибанците.

Веста доаѓа по помалку од три месеци откако Трамп ненадејно го запре американско-талибанскиот дијалог, токму кога двајцата противници се приближија до потпишувањето на договор за ставање крај на 18-годишната авганистанска војна.

За време на состанокот со авганистанскиот претседател Ашраф Гани Трамп рече дека договорот со Талибанците мора да биде прекин на огнот.

Немаше непосредна реакција од Талибанците, кои ги отфрлија повторните повици за прекин на огнот се додека не се склучи договор за повлекување на странските трупи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG