Главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп си поднесе оставка.
Заминувањето на Гери Кон доаѓа по одлуката на претседателот Трамп да наметне царини за увоз на челик и алуминиум, потег на кој Кон жестоко се спротивстави.
Кон е четврти виш член на персоналот во Белата куќа што годинава си поднесе оставка.
Другите кои ги напуштија функциите се директорот за комуникации, Хоуп Хикс, заменик-директорот за комуникации и секретарот на персоналот.
Facebook Forum